Најмалку пет лица се повредени, а 60 се приведени во судир на демонстрантите и припадници на силите за безбедност за време на протестите во Букурешт и другите романски градови, кои се најмасовни од падот на комунизмот во 1989 година.
Протестите се одржани синоќа, поради декретот, кој го донесе Владата по итна постапка, со кој се намалува казната за корупција, со што голем број политичари може да бидат поштедени од кривично гонење.
Романската агенција Аџерпрес јави дека 60 лица се приведени на сослушувањето по судирите на плоштадот во Букурешт. Најмалку пет лица се повредни, а меѓу нив има и полицајци и демонстранти.
Се проценува дека на улиците ширум Романија излегле меѓу 200 илјади и 300 илјади луѓе, кои извикувае „Крадци“ и „Оставка“.
Во Букурешт избија судири, кога една група демонстранти почнаа да фрлаат со шишиња, петарди и камења кон припадниците на силите за безбедност, кои одговориле со солзавец.
Романската полиција апелираше на смиреност и побара од демонстрантите, кои мирно протестираат да се дистанцираат од групата која е насилна кон полицајците.
Според проценките на полицијата во Букурешт се собрале повее од сто илјади демонстранти. Тие повикуваа за оставка на социјалдемократската Влада, која е на власт помалку од еден месец. Протести се одржаа и во Клуж, Сибију, Темишвар и Јаши.
Протестите избија веднаш по објавувањето на вонредниот декрет, кој на голем број политичари може да им овозможи да избегнат кривично гонење.
Министерот за правда Флорин Јордаке го оправда декретот, кој го заобиколи Парламентот и ќе стапи во силе речиси автоматски.
Во јануари Владата на премиерот Сорин Гринденау објави итни декрети, што предизвика гнев ширум земјата и критики на романскиот претседател на десниот центар Клаус Јоханис, кој е избран во 2014 година врз основа на програмата за борба против корупцијата.
– Ова е тажен ден за владеењето на правото, со кој противниците на правдата и борбата против корупцијата извршија тежок удар, изјави пред два дена шефот на романската држава.
Јоханис дури учествуваше во првите демонстрации против законските измени.
Романија е една од европските држави со највисок степен на корупција во државната администрација и во многу области на јавниот живот. Обвиниелите наведоа дека постојат околу две илјади случаи на злоупотреба на власта со вкупна штета од милијарда евда нанесена изминатите три години.
Премиерот Гринденау бараше донесување итни уредби, со кои на Владата ќе и се овозможи да помилува затвореници, со цел да помогне затворите да не бидат пренатрупани.