Поранешната пратеничка од романската владејачка Социјалдемократска партија (ПСД), Аурелија Криста, ја напушти партијата, пишува весникот „Капитал”.
Криста на својот Фејсбук профил ги образложи причините за тој потег, а тоа се прифаќањето на законот за помилување и владиниот став за промена на Казнениот кодекс. Промените овозможуваат – политичарите, кои го прекршиле или во иднина ќе го прекршат законот, да добијат помала казна од досегашната или пак, дури и да избегнат казнена истрага за злоупотреба на службената должност.
Тие чекори на Владата, која е составена од ПСД и коалициската Алијанса на либералите и демократите, предизвикаа масовни протести во целата земја.