Романскиот министер за бизнис, трговија и претприемништво поднесува оставка

Од:

Романскиот министер за бизнис, трговија и претприемништво, Флорин Жиану најави оти ќе поднесе оставка од Владата на премиерот Сорин Гриндјану.

Тој нагласи дека ја прекинува работата во Владата, бидејќи така му „наложува совеста, а таа не подлежи на преговори“, јави Аџерпрес.

На својот профил на Фејсбук, Жиану посочи дека размислил одговорно за етичноста на натамошните активости и тоа не само во професионална смисла, туку пред се заради неговото дете и за тоа како ќе го погледне во очи и што ќе му каже за неколку години.

– Можам да му кажам дека татко му бил страшливец и застанал зад активности кои не ги поддржува или дека избрал да излезе со крената глава од историјата, која не е негова, напиша Жиану.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски