СПМ предлага партиите да изработат сеопфатна македонска Платформа

Од:

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) денеска објави иницијатива за изработка на сеопфатна македонска Платформа за одбраната на виталните национални и државни интереси. Партијата ги повика сите политички субјекти во Македонија да се вклучат во изготвувањето на ваква платформа.

СПМ, како што стои во текстот објавен на нивната веб-страна, е длабоко загрижена за судбината на државата и повикува на обединување на македонскиот народ и другите заедници во Република Македонија, кои си ја сакаат и почитуваат оваа држава во која живеат, да го поддржат изготувањето на сеопфатна, конкретна и прецизна Платформа.

Документот, според СПМ, мора да биде во согласност со Уставот и во него мора да бидат наведени сите прашања кои се однесуваат на нашето внатрешно уредување, безбедносниот карактер, функционирањето на институциите, јазикот, името, културата, историјата, економијата и надворешната политика.

– Во таа Платформа мора да бидат наведени сите црвени линии преку кои никој во земјата не смее и не може да премине. СПМ подвлекува дека особена одговорност за овие прашања имаат двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои предводат две големи коалиции. СПМ е подготвена да организира средби од кои ќе произлезат усогласени решенија за Платформата, се наведува во текстот.

Од партијата инсистираат иницијативата да биде итно разгледана во двете политички партии и во рок од пет дена да бидат известени за нивната согласност по што би пристапиле кон понатамошни подготовки.

– Состојбите се драматични и бараат сериозно однесување и брзо делување. Во спротивно, секој ќе мора да ја понесе својата одговорност пред историјата и македонскиот народ, се наведува во текстот објавен на веб-страната на СПМ.

Според партијата, државата е во опасност, а како кулминација на сите настани во изминатиот период, се појави, како шти стои, крајно опасната Платформа на албанските политички партии во Република Македонија, креирана во соседна Албанија, со активно учество на албанската држава и раководство.

Оваа Платформа, според СПМ, е без чувство за одговорност за мирот и стабилноста на Балканот, инспирирана од други надворешни сили кои до сега и сеуште учествуваат во дестабилизација на Македонија и во нејзиното уништување. Ваквото мешање во внатрешните работи на земјата на кој било од надвор, стои во објавата на СПМ, претставува преседан во светската политика и ќе доведе до воени судири од големи размери.

Би можело да ве интересира

СПМ со осуда за притисоци, вознемирување, мобинг на нивните колеги, полициски службеник од Куманово ја напуштил државата

Ана Ололовска

Синдикатот на полицијата ги повикува и другите два полициски синдиката на заедничка борба во заштита на правата на вработените во МВР

Ана Ололовска

Синдикат на Полиција во Македонија: Да се прекине со попречување на активностите и обврските на СПМ

Ана Ололовска

СПМ бара покачување на платите во полицијата

Ана Ололовска

Синдикатот на полицијата со барања до новиот министер Оливер Спасовски

Ана Ололовска

СПМ бара неодложено тестирање за Ковид-19 на полициските службеници

Ана Ололовска