ЕП: Да се даде шанса и на друга партија да формира влада

Од:

Спроведување на реформите од извештајот на Прибе и непречно функционирање на СЈО, а не тоа кој е на власт е важно за Европскиот Парламент и Европската Комисија. Меѓутоа, повторување на изборите би значело продолжување на кризата, а на Македонија и излегување од истата..

Ова е накусо заклучокот од дебата за Македонија која пред малку се одржа во Комисијата за надворешни работи на ЕП во Брисел. На дневен ред беше нацрт Резолуцијата за Македонија која ја изработи Словенецот Иво Вајгл и која треба да биде усвоена во март или април на пленарна седница на ЕП, објави Нова ТВ.

Германскиот социјалист Кнут Флекенштај во дебата рече дека чул некакви гласини дека ЕУ, ЕП или ЕК навиваат дека некоја партија треба да дојде на власт во Македонија. Тој ги отфрли тие шпекулации и изјави дека „на ЕП и ЕК не им е важно кој ќе биде на власт се додека има јасно мнозинство и стабилна влада која ќе се врати на европскиот пат, која ќе ги спроведе итните реформски приоритет и реформите од Пржино и која нема да оди против работењето на СЈО”.

„По ВМРО-ДПМНЕ сега и друга партија треба да добие шанса да направи влада“ рече хрватскиот пратеник Тонино Пицула.

Според Вајгл потребно е да се стават интересите на државата пред интересита на партијата, да се поддржи работата на СЈО и да се расветли аферата со прислушувањето. Тој смета дека не е умо да се повторуваат изборите за да не се продолжува кризата.

Сите политички групи во ЕП речиси едногласно побараа од ЕУ Македонија да почне најпосле преговори за членство и не стои повеќе во чекалната.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска