Работилница за препознавање конфликти за децата во Аеродром

Од:

Во сите пет објекти на детската градинка „Буба Мара“ во општина Аеродром се реализираше едукативна работилница „Препознавање конфликти и конфликтна ситуација и начини на решавање“.

Неколкудневната работилница, како што информира општина Аеродром, вклучи над 170 деца на возраст од пет до шест години.

– Целта на оваа работилница е да ги насочи дечињата како да ги препознаваат негативните форми на однесување, како и позитивното чувство по решениот конфликт, соопшти општина Аеродром.

Децата учеле и за култура на однесување, развивање емпатија, толеранција со своите врсници, почитување на различностите, стекнување социјални и комуникациски компетенции, поттикнување позитивни емоции, самоконтрола на реакции и соработка со другите деца.

Активностите во работилницата се одвивале во неколку фази: препознавање низ цртани филмови, слики, глума и преку цртање заеднички цртежи.

Работилницата е во рамки на програмата на советувалиштето за деца и родители „Мал свет, големи срца“.

Би можело да ве интересира

Едукативни филмски работилници за деца

Ана Ололовска

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

Креативна работилница „Заедно за иста цел“ во Куманово

Ана Ололовска

Работилница: Проблемот со нарушувањето во говорот и јазикот кај децата добива епидемиски карактер

Ана Ололовска

Работилницата „Градови на иднината“ ќе нуди решенија за намалување на аерозагадувањето

Ана Ололовска

Работилница за дигитализација на филмското наследство