Филипнската полиција ја прекинува контраверзната војна против дрогата се додека не се исчистат полициските сили.
Началникот на полицијата Роналд дела Роса изјави дека единиците за борба против наркотици ќе бидат распуштени.
Оваа одлука доаѓа по убиството на јужнокорејскиот бизнисмен од страна на една од овие единици. Од почетокот на операцијата убиени се повеќе од 7.000 луѓе, со објаснување дека се искоренува дрогата од земјата.
Операцијата за чистење на Филипини од дрогата наиде на остри критики од друштвата за човекови права, поради големиот број на жртви, но претседателот Дутерте сепак не се откажува од неа.
„Ќе ги средиме нашите редови, а после ќе продолжиме со нашата војна против дрогата“ изјави Дела Роса.