Жител на Масачусетс кој што бил казнет за брзо возење, пред судот се бранел со навистина чудно објаснување – тој смета дека полицаецот со радораот мерел брзина на елен.
Денис Сајерс од градот Хејврул бил фатен како вози со брзина од 65 километри на час во зона каде што дозволено било 50, за што бил казнет со 105 долари.
Сепак, кога тој се појавил во судот го прашал полицаецот Ројстер Џонсон дали е 100% сигурен дека со радарот ја измерил неговата брзина или можеби пред него претрчал некој елен.
Сепак оваа одбрана не поминала кај судијата и покрај тврдењето на Сајерс дека се е можно и му било наредено да си ја плати казната.