Романскиот министер за туризам изјави дека од 1 јули секој државен службеник ќе добие електронски ваучер што ќе може да го искористи за одмор во државата.
Според законите во Романија, вработените во државниот и приватен сектор може да добијат ваучери за одмор вредни до шест минимални плати.
– Буџетот засега дозволува да доставиме ваучери со вредност од една минимална плата, изјави министерот Мирча Добре.
Минималната плата во Романија од 1 февруари се зголемува од 1.250 леи на 1.450 леи (315 евра).