Дарко Јанкоски го фати светиот крст во Прилеп

Од:

Дваесет и четири годишниот Дарко Јанкоски го фати Светиот крст во Прилеп, кој денеска, по повод празникот Богојавление – Водици, се фрлаше во базен. Јанкоски рече дека досега се имал фрлено 7 пати по крстот, а ова било прв пат како го фаќа.

„Досега 7 години се фрлам по светиот крст, прв пат годинава го фаќам, им посакувам на сите да имаат многу здравје, успех и среќа“, рече Дарко Јанкоски.

Инаку Јанкоски беше најсреќниот од 87-те учесници кои денеска се фрлија по крстот во Прилеп, а доби телевизор и златен крст.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он