Првпат во Дебар немаше кој да скока по крстот

Од:

Големиот христијански празник Богојавление-Водици одблежан беше и во Дебар, но за првпат немаше кој да скока по светиот крст. Тоа е поради фактот што во градот има се помалку млади луѓе.

Инаку, традиционално православните верници во Дебар беа во црквата „Света Петка“, каде беше одржана света литургија, со која чиноначалствуваше намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски.

Тој, потоа ја освети водата во базенот во дворот на црквата. Бидејќи немаше пријавени светиот крст не беше положен во осветените води, но верниците по традиција зедоа од осветената вода.

И намесникот и присутните верници си го честитаа празникот со желби и молби до Бога за здравје и бериќет.

По повод Водици заживеаа селата од поширокиот регион, каде дојдени се пораншни жители и нивните потомци. Посебно, по празнувањето се препознатливи повеќе села, пред се Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он