Душан Чимев го фати крстот во водите на Радика

Од:

Душан Чимев од Виница го фати крстот во реката Радика, што беше положен по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.

По светата литургија во црквата „Пресвета Богородица“ во селото Ростуше, одржана од братсвото на Бигорскиот манастир, на која присуствуваа и сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, стотици верници од подрачјето на Река и други градови од земјава имаше на трожествената литија која тргна од црквата се до Ростушки Мост.

Осветениот крст во водите на река Радика го фрли Анхимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, а најсреќен беше Душан Чимев.

– Пресреќен сум. Сум скокал по крстот повеќепати. Во Радика двапати и ете годинава ми се насмевна среќата. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава, порача Чимев.

Како и со години наназад општина Маврово Ростуше за најсреќниот обезбеди награда. Овој пат телевизор.

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он