Кина ќе вложи 350 милијарди јуани (56 милијарди долари) до 2015 година во ограничување на загадувањето на воздухот во големите градови, соопшти денеска Министерството за заштита на животната средина во Пекинг.
Во соопштението се наведува дека локалните власти ќе финансираат голем дел од програмите наменети за намалување на нивото на штетни честички во воздухот во 117 градови за барем пет отсто од 2011 до 2015 година.
Лекарите предупредуваат дека честичките познати под назив ПМ 2,5 можат да се содржат во белите дробови и да предизвикаат респираторни проблеми и други болести.
Кина во почетокот на годината почна да извршува детални податоци за загадувањето во обид да одговори на загриженоста на граѓаните дека мерењата за загаденост се неточни и значително ублажени.