Балканот не може да биде стабилен, бидејќи постојат најмалку три етнички прашања кои се уште не се решени, изјави денеска директорот на Институтот за словенски студии во Москва, Константин Никифоров.
Во интервју за агенцијата ТАСС, Никифоров оценува дека Балканот се уште не е доволно економски развиен и дека претставува нестабилен дел на Европа.
-Најмалку три етнички прашања треба да бидат решени-српското, албанското и македонското. Иднината на двете постјугословенски држави –Босна и Македонија, чии во чии устави е интервенирано од странски сили, се уште е нејасна. Прашањето за Косово кое е делумно призната држава, се уште треба да биде рагледувано, рече тој.
Тој кажа и дека треба да се имаат во предвид и “долготрајните турско-грчки контрадикции“.
Според него, главен тренд на Балканот остануваат земјите во регионот кои тежнеат кон членството во ЕУ и НАТО, додека руското влијание не може да се почувствува, иако Москва е единствено активна во регионот како доставувач на енергетски извори.
– И покрај потешкотиите и проблемите, земјите на Балканот и натаму посакуваат членство во сите европски и евроатлантски организации. Многу од нив и станаа членки и во НАТО и во ЕУ. Само Србите во Република Српска и Србија имаат сомнежи зашто не го имаат заборавено бомбардирањето од НАТО.