Во Кина почина највисоката жена во светот

Од:

Кинеската, која е прогласена за највисока жена во светот, почина минатиот месец, соопшти денеска официјално лице од нејзиното родно место.

Јао Дефен, од источната кинеската провинција Анхуи, е прогласена во 2010 година за највисока жена во светот од страна на Гинисовите светски рекорди кога е измерено дека е висока 2,33 метри.

Официјално лице од местото Шуча, каде живеела, рече дека Јао починала во средината на минатиот месец. Тој, меѓутоа, не бил сигурен за причината на смртта на највисоката жена.

Јао во книгата на рекорди е запишана како една од трите највисоки жени кои некогаш живееле. Таа почина на 40 години. Нејзиниот гигантизам се препишува тумор  на хипофизата.

Весникот „Анхуи“ објави дека таа починала на 13 ноември откако достигнала висина од 2,36 метри. Весникот додава дека Јао веќе била висока два метри кога имала 15 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски