Турските безбедносни сили убиле 13 припадници на ПКК

Од:

Турските сили за безбедност убиле 13 терористи од Курдската работничка партија (ПКК) во операција против сепаратистите во округот Османие, во јужна Турција, соопштија од канцеларијата на валијата на округот, а пренесува турската телевизија Си Ен Ен-Турк.

Во соопштението на канцеларијата на валијата се наведува дека во заедничката акција на турската жандармерија и полиција, на 3 декември, исто така, биле приведени петмина терористи.

Сепаратистите од ПКК од 1984 година се борат за автономија во југоисточниот дел на Турција, населен главно со Курди. Десетици илјади лица од тогаш се загинати во судирите со армијата.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски