Стефан Петерхансел 13. пат победи на престижното рели Дакар. Французинот досега шест пати триумфирал во категорија на мотоцикли, а денес славеше седми пат во категоријата автомобили.
Себастијан Лоеб, беше победник на последната етапа, но само со 19 секунди предност, што не беше доволно за да го освои првото место во генералниот пласман и мореше да се задоволи со второто место.
На третата позиција остана третиот пилот на Пежо, Сирил Депре.
Во категорија на мотоцикли, Сем Сандерленд стана првиот Британец кој успеал да слави на релито Дакар, со повеќе од 32 минути предност пред Матијас Валкнер. Трет беше Жерар Фарес Гаел.