Нов Дом на култура во Миладиновци

Од:

Општина Илинден изгради нов Дом на култура во населено место Миладиновци со површина од 360 метри квадратни, во рамки на проект за изградба на домови на култура во сите 12 населени места.

Како што соопшти општина Илинден, со новиот дом општината ќе обезбеди просторни услови за функционирање на локалните здруженија на граѓани, за одржување на културни настани, разни видови предавања, работилници, трибини и конференции.

Во новиот дом на култура „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, свои простории добија локалната месна заедница, хуманитарното Здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“, како и членовите на Пензионерскиот клуб „Миладиновци“.

Општината, исто така, обезбеди нов објект во населба Илинден со површина од 120 метри квадратни каде што ќе биде сместено седиштето на Здружението на пензионери од општина Илинден, кое брои близу 2.000 пензионери, како и Пензионерскиот клуб од населба Илинден.

Досега во општината се формирани 5 пензионерски клубови во населените места Илинден, Марино, Кадино, Бујковци и Миладиновци.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат