Сојузната канцелака Ангела Меркел во седми пат, е избрана за претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).
На конгресот на партијата во Хановер, кој се одржа во вторникот, 4 декември, Ангела Меркел успеа да добие речиси 98% од гласовите на делегатите.
Ова е најдобар резултат што е постигнат од нејзиниот избор за претседател на ЦДУ во април 2000. година, објави агенција ДПА.
Во 2010 година, таа доби 90,4% од гласовите од делегатите на конгресот.
За изборот на претседател учествуваа 931 делегати . 903 делегати гласаа за Меркел, 19 гласаа против и девет делегати се воздржаа од гласање.