За официјална Москва недозволив е односот на некои членки на ЕУ спрема нацистички митинзи и маршеви, вклучително и за хероизирање на легијата на Waffen-SS .
Министерството за надворешни работи, потсети дека Резолуцијата за неприфатливоста на глорификација на нацизмот,е усвоена на 67-та седница на Генералното собрание на ОН. Таму јасно стои дека глорификација на нацистичко минато, нацистичките движење и неонацизмот е недозволиво, исто како и повредата на правата на слобода, на мирно собирање и здружување, и правото на слобода на мислење и изразување.
“За жал, во некои земји се прават слепи за овие опасни движења, овие акции го навредуваат споменот на милионите жртви на нацизмот и значат промоција на современите форми на неонацизмот, расизмот и ксенофобијата. Се чини дека ниту Брејвик или масакрот на храм од на Сиките не беа лекција за нашите западни партнери “, заклучи министерсттово.
Со иницијатива на Русија, ОН усвоија резолуција за неприфатливоста на глорификација на нацизмот. Во документот се повикува да не ги заборавиме злосторствата на нацистите и сите да се вклучат во борбата против манифестации на неонацизмот денес.
За нацрт-документот подготвен од Русија во соработка со делегации од 42 земји, гласаа 120 држави , членки на Обединетите нации. 57 земји беа воздржани.