Ахмети: Без прифаќање на платформата, нема да има влада, ќе има избори

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за ТВ 21 кажа дека без прифаќање на платформата на албанските партии подобро е да има нови избори зошто тешко ќе биде да се формира влада.

Тој нагласи дека ова е најдоброто решение доколку преговарачките страни немаат намера да ја прифатат платформата на албанските партии.

Сигурен сум дека неприфаќањето на платформата од која било партија ќе ја однесе државата кон нови избори, рече Ахмети.

Ахмети се сомнева дека се работи за празни зборови повиците на СДСМ во кампањата за заедништво како и изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека двојазичноста е прифатлива за нивната коалциија. Исто сомневање има и за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да ги прифати барањата на Албанците.

-Јас не сум адвокат ниту на едниот ниту на другиот, не верувам во тоа што е кажано само за дневно политички цели.

Јас ги познавам добро и двете страни и да бидам искрен со вас, тие воопшто не се разликуваат кога станува збор за третирање на албанските прашања, рече тој,

Ахмети му порача на Груевски дека рокот да размисли за договор со нив е до 29 јануари и кажа дека единствено тој во ДУИ, согласно статутот, е надлежен да преговара со Груевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Ахмети му пишал на Мицкоски: Последните одлуки на Уставниот суд предизвикаа загриженост кај сите граѓани

Таравари: Села и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција

ДУИ одржува Генерален совет, Ахмети повторно вели дека не се почитува легитимитетот на гласачите Албанци

Ахмети – Пападопулу: Потребно е целосно почитување и спроведување на Преспанскиот договор од двете страни

Горан Наумовски