Турската полиција го идентификувала лицето кое е осомничено за терористичкиот напад на новогодишната ноќ во клубот „Reina“ во Истанбул кога беа убиени 39 луѓе, објави весникот Daily Sabah.
Според сознанијата нападот го извршил доселеник од Узбекистан, кој е идентификуван како Абдулхадир Машарипов, кој бил познат и како Абу Мухамед Хорасан. Се наведува и дека полицијата се обидува да дозна повеќе поединости за минатото на осомничениот.
Претходно во четвртокот беше објавено дека турската полиција во градот Измир уапсени пет лица осомничени за вмешаност во нападот во Истанбул. Истиот ден, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушолу изјави дека е утврден идентитетот на напаѓачот, но одби да дава други поединости.
Ноќта кон први јануари вооружен напаѓач отвори оган врз гостите во ноќниот клун „Reina“ во истанбулскиот кварт Ортакој. Меѓу 39-те жртви, 16 се странци. За нападот одговорноста ја презема џихадистичката организација Исламска држава.