Индискиот претприемач Харпал Синг успеал да го исполни ветувањето дека ќе изгради зграда од 10 ката за само 48 часа.
Зградата е изградена од монтажни материјали, а во неа има дури 200 тони челик. На изградбата работеле повеќе од 200 работници, инженери и техничари. Првиот кат го подигнале за само три часа.
Харпал Синг, кој исто така е сопственик на луксузен хотел во Чандигарх, потврди дека проектот го одобриле и сеизмолозите, што било од особено значење затоа што ова подрачје е високо ризично, особено кога станува збор за земјотреси.