Од почетокот на операцијата на Турција во соседна Сирија, во август минатата година, турските војници и нивните сунитски сојузници убиле 1.362 борци на Исламска држава, покажуваат податоците на турската армија, цитирани од ДПА.
Повикувајќи се на соопштение на вооружените сили, агенцијата Анадолија пренесе дека, освен тоа, ранети биле и 168 борци на џихадистичката група, додека шестмина биле заробени.
Турција и нејзините сојузници во северна Сирија ликвидирале и 291 борец на курдската милиција Сили за заштита на народот (СЗН), која контролира голем дел од границата со Турција.
На 24 август Турција во северна Сирија ја почна операцијата „Еуфратски штит, која има за цел да го прочисти регионот на границата од борци на Исламска држава и на Силите за заштита на народот.