Босфор е затворен за движење во двата правца

Од:

Невообичаено студената зима го стегна и Истанбул. Од синоќа таму паѓа обилен снег, а на места низ градот снежната покривка достига и до около 40 сантиметри. Температурите се движат меѓу минус 5 и минус 3 степени.

Поради недоволна видливост запрено е движењето на пловни објекти по Босфор и тоа во двата правца, се до новата наредба, соопшти поморската администрација.

Запрено е движењето и на патничките бродови меѓу азискиот и европскиот брег од повеќемилионскиот град, во правец кон Принцовите острови, Јалова и Бурса.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски