Јоханис: Евентуален закон за амнестија и помилување корумпирани политичари е закана за романската демократија

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис упати сериозно предупредување до новиот министер за правда Флорин Јордаке дека „амнестирањето и помилувањето на корумпирани политичари би било катастрофа за Романија“ и дека „постои ризик од исчезнување на демократијата во земјата“, јави сајтот Зиаре.

Реакцијата на шефот на државата доаѓа откако Јордаке за време на сослушувањето во Парламентот, пред гласањето доверба на владата, изјави дека еден закон за амнестија и помилување би бил „добар знак“.

Јоханис, за време на денешното основачко заседание на Високиот совет на судии, подвлече дека е цврсто против ваквата  иницијатива, која ќе ја укине претпоставката за еднаквост пред законот и следствено на тоа ќе доведе до исчезнување на правната држава во Романија.

-Има осудени политичари кои би го поздравиле ваквиот закон, што би ги спасил од сите проблеми. Тоа би ја разурнало правната држава и би постоел ризик за исчезнување на демократијата во Романија“, предупреди Јоханис, цитиран од весникот „Евениментул зилеј“.

„Веднаш штом се прифати идејата за амнестија и помилување, вклучително и на корумпирани политичари, ваквиот преседан би довел до исчезнување на еднаквоста пред законот. Тоа Романија би ја довело на траекторија што ја оддалечува од европските и евроатлантските вредности, во кои веруваат мнозинството Романци, уште додаде претседателот.

Јоханис забележа дека изјавата на Јордаке во комбинација со фактот дека претседателите на двата дома на Парламентот – Ливиу Драгнја и Калин Попеску Таричану – имаат судски проблеми, а првиот дури има и конечна пресуда, создава „загрижувачка слика“.

Шефот на државата, исто така, подвлече дека ниту една демократија не може да постои без независност на судскиот систем и ги повика судиите и обвинителите да се спротивстават на секој обид за политичка интервенција во правосудниот акт.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски