Десетици илјади Киндер јајца биле исфрлени од море на брегот на германскиот остров Лангеог, еден ден по големата бура во овој крај.
Децата и возрасните потрчале на плажите преполни со црвени, сини и жолти пластични кутивчиња со играчки. Тие се протегале во должина од неколку километри, пренесе Индекс.хр.
-Веројатно има повеќе од 100.000 јајца, изјави началникот на Лангеог, Уве Гарелс.
И додека децата се радувале, нему тоа воопшто не му било смешно.
-Ова е големо еколошко загадување и голема опасност за животните, додаде Гарелс.
Властите веруваат дека Киндер јајцата потекнуваат од пет контејнери што испаднале од товарен брод во текот на бурата, наведува Хина.
Киндер јајцата на брегот испливале без чоколадниот омот.