Доналд Трамп ќе го назначи сенаторот Ден Коат за шеф на Националната разузнавачка служба

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра досегашниот американски сенатор Ден Коат (74) за директор на Националната разузнавачка служба, пренесоа британските медуми.

Како што се наведува, официјалното именување се очекува до крајот на неделата, кога Трамп ќе ги донесе одлуките и за останатите непополнети места во својот кабинет.

Коат е конзервативец и во последните 16 години беше еден од претставниците на својата сојузна држава Индијана во Сенатот. Минатата година тој соопшти дека веќе нема да се бори за реизбор, потсетуваат американските медиуми.

Мандатот на Коат истекува во текот на овој месец, забележува ТАСС.

Трамп покажа критичен однос кон разузнавачките агенции на САД и под сомнение ги стави нивните заклучоци за тоа дека Русија стои зад хакерскиот напад, обидувајќи се да влијае врз претседателските избори.

Се очекува Трамп утре да се сретне со директорот на Националното разузнавање Џејмс Клапер, како и со директорите на ФБИ и ЦИА, забележаа американските медиуми.

Инаугурацијата на Трамп за претседател ќе се изведе на 20 јануари.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија