Македонската младинска репрезентација (У21) одигра нерешено против Португалија 21:21 во второто коло од квалификациите за СП 2017 (У21).
Со овој резултат и двете репрезентации остануваат во игра за првото место во групата која носи пласман на мундијалот во Алжир, а конечната разврска ќе биде позната утре кога се игра последното коло од групата чиј домаќин е токму Македонија.
Мартин Томовски со 11 одбрани беше централна фигура во македонскиот тим, а најефикасен беше капитенот Филип Талески со шест гола. По три голови постигнаа Мартин Велковски и Давор Палевски