Пет лица, повеќето малолетници, синоќа се евакуирани од Водно, каде што биле заглавени во снежните наноси.
Со интервенција на Центарот за управување со кризи, несудените планинари се извлечени. Никој не е повреден.
Надлежните предупредуваат граѓаните викендов да не се впуштаат во вакви ризични авантури.