Сириец, кој согласно германските закони е идентификуван само со името и првата буква од презимето, се соочува со казна затвор од 10 години, доколку се потврдат наводите на обвинителството дека избирал цели за терористички напади што требало да бидат извршени од групата Исламска држава.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, 19-годишниот Шас Ал М., кому од вчера му се суди во специјално обезбедена судница што ја чуваат вооружени полицајци, е обвинет дека пред да дојде во Германија две годинни се борел во редовите на ИД во Сирија. Во Германија пристигнал во август 2015 година кога побарал азил.
Според јавното обвиннителство, Сириецот набљудувал и обележувал цели кои требало да бидат нападнати од ИД. Меѓу целите се плоштадот Александарплац, зградата на Рајхстагот и Бранденбуршката порта.
Сириецот се соочува со обвиненија и за обезбедуање оружје и храна за ИД, за учествуво во транспорт на борци во Сирија и за обезбедување и логистика за членови на ИД кои доаѓале во Германија.
Согласно германските закони, според кои на обвинети до 21 година не им се суди како на возрасни, на Шас Ал М., кој е во протвор од март минатата година, ќе му се суди како на малолетник, а за него во периодот од сега до април се закажани дури 25 судски рочишта.