Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска на Твитер пренесе делови од изјавата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во врска со тоа колку неговите соработници лесно го хакирале компјутерскиот систем на шефот на изборната кампања на демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон, Џон Подеста.
– Џулијан Асанж вели дека и 14-годишник би можел да го хакира Подеста – зошто Демократскиот национален комитет бил толку невнимателен? (Асанж), исто така, вели дека Русите не му ги дале информациите, напиша Трамп на својот налог на Твитер.
Во друга порака на Твитер, Трамп вели и дека Асанж смета оти американските медиуми „многу нечесно“ известувале за презиборната кампања во САД.