Кетрин Гудјонсдотир од Исланд која беше првото дете родено во земјата во 1980 година, се породи на 1 јануари 2017 година три минути по полноќ и го роди првото бебе во Исланд во оваа година.
Катрин доби син со кој не само што ќе го дели роденденот, туку и титулата на првородено бебе во една година, јави Н1.
Првородените бебиња на Исланд не добиваат никакви посебни награди, надоместоци или подароци, но овој необичен случај привлече големо внимание кај медиумите и надвор од оваа островска земја.