Поранешниот член на групата „Тајк Дет“, британскиот пејач Роби Вилијамс, настапи на концертот во „Вестминстер Сентрал Хол“ во Лондон, при што направи голем гаф пред очите на јавноста.
Имено, откако ја отпеа песната „Auld Lang Syne“, Рони се ракуваше со фановите од првуте редови, по што се сврте со грбот кон публиката и набрзина ги избриша рацете со течен антисептик, а сето тоа го сними камерата на Би-Би-Си.
Како што се гледа на снимката на Би-Би-Си, пејачот не се ни труди премногу да сокрие дека ги дезинфицира рацета.
Во твитови на англискиот музички сајт НМЕ некои корисници веруваат дека „лошто момче на британската музичка сцена“ намерно го направил сето тоа за да привлече дополнително внимание.
Секако од сето ова задоволен е и производителот на антисептикот кој доби добра и бесплатна реклама.