Македонските инвестициски можности претставени пред 200 компании во САД

Од:

 Голем број американски компании покажаа интерес за македонските инвестициски можности, а дел  најавија и посета на Македонија за детали за нивни евентуални конкретни инвестиции во тек на втората економска презентација годинава на македонската економија во САД.

Преку бизнис форуми и одделни разговори во изминатите денови во Детроит, Хјустон, Лос Анџелес и Сиетл,  владиниот тим, предводен од премиерот Никола Груевски, ги претстави потенцијалите за водење бизнис пред околу 200 американски компании. Во Сиетл-последната дестинација  од втората економска презентација во САД оваа година, се направени обиди за привлекување логистички и информатички компании во Македонија.

Според премиерот Груевски, економската презентација поминала успешно со голем интерес од компании, при што се таргетирани оние што бараат поконкурентен пазар со пониски цени, како што е македонскиот.

– Можам да кажам дека сите  кризи што се случуваат во последните години од една страна влијаат негативно затоа што се намалува бројот на компании што сакаат да прават нови инвестиции, но од друга страна, пак, тие што сакаат да прават нови инвестиции тогаш се уште позагреани за поконкурентен пазар со пониски цени како што е македонскиот пазар, односно Македонија како локација за правење бизнис, така што ги таргетираме тие сектори во коишто има огромна конкурентност во однос на цените за правење бизнис. Тука влегуваат даноци и други трошоци за правење бизнис. Од таа гледна точка јас сум задоволен, изјави Груевски.

На бизнис форумите и презентациите, покрај владиниот тим, за предностите на македонската деловна клима  говореа и компаниите што веќе инвестирале во Македонија или претставници на Светска банка, што, според премиерот, дава дополнителен кредибилитет.

– Кога зборуваме само ние секогаш може да се јави сомневање кај оние што слушаат дали ова навистина е така бидејќи говори Владата, а таа на некој начин има конфликт на интерес бидејќи говори за своите резултати, но кога станува претставник на Светската банка и го потврдува тоа или, пак, претставници на компании кои во последните години инвестирале во Македонија и го потврдуваат истото, тогаш целата презентација добива сериозна кредибилност и тогаш инвеститорите покажуваат уште поголема заинтересираност. Тоа и се случи на овие патувања во Детроит, во Хјустон, во Лос Анџелес и во Сиетл, укажа македонскиот премиер.

Тој е задоволен од разменетите контакти со компаниите, со кои во следниот период ќе продолжат да комуницираат промоторите и претставниците од Амбасадата на Македонија во САД. Владата, најави Груевски, од јануари следната година ќе испрати уште еден промотор во САД, кој на почеток ќе биде во Лос Анџелес, по што ќе ги покрива Хјустон или Сан Франциско.Тоа ќе биде трет економски промотор на Македонија, по тие во Њујорк и во Детроит и Чикаго.

– Го зацврстуваме нашето присуство во САД затоа што ова е најбогатата, најмоќната економска држава од која што има големи шанси да дојдат инвестиции, има многу глобални компании кои функционираат на глобално ниво, кои не инвестираат само во Америка, туку и во различни делови од светот каде што имаат добри услови за инвестирање, така што одиме со трет промотор тука во овој дел од Америка, рече Груевски, посочувајќи дека покрај во Америка, со уште еден промотор ќе се засилува присуството и во Германија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада