Романскиот претседател потпиша указ за назначување на Сорин Гриндјану за премиер на Романија, јави Аџерпрес.
– Претседателот на Романија, г-н Клаус Јоханис, го потиша денеска, на 30 декември, указот за назначување на г-н Сорин Михај Гриндјану како кандидат за функцијата премиер, за да биде побарано одобрување на Парламентот за програмата и членовите на новата Влада, согласно член 103, алинеа 12 од Уставот на Романија, соопшти претседателката администрација.
Гриндјану е предложен во средата за премиер од Социјалдемократската партија и Алијансата на либералите и демократите.
Двете партии имаат мнозинство во Парламентот и веќе потпишаа спогодба за коалициско управување.