Анастасија Књазева, која пред извесно време беше прогласена за „најубаво девојче на светот“, уште еднаш ги магепса своите фанови на Инстаграм, но сега со своето празнично издание.
Девојчето, како и вообичаено, изгледа како кукличка. А пак, оние кои работеле со неа велат дека пред објективот таа се однесува како вистинска професионалка и дека сето тоа и е природно.
Малата убавица со продорни сини очи, на Инстаграм има 350.000 следбеници, но нејзиниот профил сепак го уредува нејзината мајка Ана.
Иако има само пет години, познавачите и предвидуваат блескава кариера на фото-модел.