Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека донел одлука да не го прифати предлогот на Социјалдемократската партија – Севил Шајдех да биде новиот премиер на Романија.
– Внимателно ги разгледав аргументите за и против, и решив да не го прифатам тој предлог, рече Јоханис.
Тој побара од социјалдемократите, кои победија на романските парламентарни избори одржани на 11 декември, да предложат друг човек за функцијата.