Водител му ја запали косата на магионичар

Од:

Американски магионичар заврши во болница со изгореници по главата и вратот откако насред емисија водителот му ја запали косата.

Вејн Хачин беше гостин во телевизиско шоу во Домениканската република, а еден од водителите, со ништо предизвикан, истури на неговата глава запалива течност, која веднаш пламнала.

На Вејн главата буквално му била во пламен, а во гаснењето на огното учествувала целата ТВ екипа.

Откако дошол на себе од шокот, илузионистот е итно префрлен во болница, каде му се констатирани изгореници по главата, вратот и десната рака.

– Тоа не беше дел од претставата и не знам зошта така ме нападна. Се ме боли, но полека се опоравувам, напиша Хочин на својот Фејсбук профил.

Водителот користел запалива течност „Аљуа Де Флорида“, која во себе содржи најмалку 60 отсто алкохол, поради што може да пламне и без допир со оган, а на Карибите се користи и како „света водичка“ за истерување вештерки и зли духови.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските