Маж кој заборавил да ја земе ант-чантата од покривот на својот автомобил, предизвика воодушевување вечерта на Бадник на автопат во јужниот дел на Германија кога парите почнаа да летаат како дожд и да паѓаат врз автомобилите.
Откако запрел на бензинска пумпа, 62-годишниот маж од Велика Британија заборавил да ја земе чантата од покривот на автомобилот со илјадници евра, соопшти вчера полицијата.
Парите се разлетале по сите ленти на автопатот, а повеќе возачи ги сопреле автомобилите за да ги соберат парите.
Само мал дел од парите, сопственикот упеал да ги добие назад, додаде полицијата.