Чешкиот бездомник Лудвик Долежал, познат како „највалканиот човек во Европа“, почина во напуштена куќа на една фарма каде што живеел последните неколку години, пишува The Sun.
Бездомникот пател од необично психолошко пореметување заради кое палел сѐ што ќе му дојде до рака и спиел во пепелта која ја мачкал по кожата. Палел и гуми, пластика па дури и личните работи заради што на крајот останал без ништо.
Живеел од социјална помош, но и тоа не му помогнало, бидејќи ги палел и парите. Пожарникарите често морале да интервенираат заради огновите што ги палел, но никој не бил повреден.
Градоначалникот на малото место каде што престојувал бездомникот секој ден му праќал кошница со храна за тој да ја земе од локалната продавница. Кога едно утро не дошол по својата храна, жителите на местото сфатиле дека нешто не е во ред и повикале помош.