Осум години по „Фантастичниот господин Фокс”, Вес Андерсон се враќа кон животните со неговиот нов анимиран филм, посветен на кучињата, пишува „Гардијан”.
Во „Островот на кучињата” гласовите ќе ги позајмат плејада познати глумци – Бил Мареј, Џеф Голдблум, Тилда Свинтон, Едвард Нортон, Френсис Мекдорманд, Скарлет Јохансон, Брајан Кренстон, Харви Кајтел, Грета Герви, но и вдовицата на Џон Ленон, уметницата Јоко Оно.
Уште повеќе, страствените почитувачи на режисерот ќе можат да се приклучат кон снимањето на проектот што ќе се одвива во Велика Британија, но ќе треба да платат за тоа. Тоа задоволство би Ве чинело 50.000 фунти, или пак, може и да учествувате во лотаријата на интернет страницата „CrowdRise“.
Средствата коишто ќе бидат собрани, ќе се донираат во фондацијата на Мартин Скорсезе за реставрација на стари филмови.