Жената, столбот на семејството и изворот на живот за човечкиот род со себе има неверојатна сила, која за жал голем број припаднички на понежниот пол се уште ја немаат откриено, пред се поради тоа што ја бараат на погрешни места, надвор од себе, во лажните вредности кои денес на големо се пропагираат.
Следуваат 25 знаци кои покажуваат дека жената навистина се поврзала со својата внатрешна моќ:
1. Имате мислење за многу работи и едноставно морате да го поделите со другите.
2. Го мислите она што го кажувате и го кажувате она што го мислите. Не ве интересита онаа теза „Мажите се од Марс, жените се од Венера“.
3. Нема први да почнете кавгата, но секако нема да се повлечете, Вашите аргументи се цврсти.
4. Имате мошне високи стандарди за личностите кои ќе одлучите да ги пуштите во своја близина и не се плашите да ги оставите, оние кои тие критериуми не ги исполнуваат.
5. Имате дури и повисоки стандарди за секоја личност, која сака да биде со вас во романтичен однос.
6. Повеќе сакате работите да ги направите на свој начин и да доживеете несупех, отколку да успеете со тоа што ќе им угодувате на другите луѓе.
7. Не поднесувате драма, но ќе се заложите за себе, доколку ситуацијата тоа го бара од вас.
8. Сакате да бидете главни, да ја преземате контролата и правите се за да се чувствувате моќно, но притоа внимавате таа моќ контруктивно да ја користите.
9. Другите луѓе сметаат дека држите до себе, бидејќи знаете што сакате.
10. Коко Шанел, Маја Ангелоу, кралицата Викторија….се некои од личностите од кои црпите инспирација.
11. Отсекогаш сте сметале дека тенденциите да „бидете како маж“ ги имаат оние со недостиг на амбиции.
12. Не се плашите да побарате зголемување на платата од својот шеф, затоа што сакате да бидете платени толку, колку што заслужувате.
13. Кога сакате нешто, вие тоа ќе го добиете.
14. Не се плашите да бидете сами, бидејќи тоа е илјада пати подобро, отколку да земете помалку од она што го заслужувате.
15. Во врската вие од другата личност го барате тоа што ви е потребно. Подготвени сте на компромис, но не за сите прашања.
16. Нелојалните луѓе на крајот ќе ги натерате да зажалат поради своите зборови и дела.
17. Но никогаш не се одмаздувате, бидејќи знаете дека работата на себе и личниот успех во секое поле е најдобрата одмазда.
18. Исто така секогаш им простувате на своите непријатели, но како и секоја разумна личност „никогаш не ги заборавате нивните имиња“.
19. Не се извинувате поради тоа што плачете или што не плачете.
20. Вие уживате во своите квалитети и ги прифаќате своите слабости и секојдневно се трудите да растете како личност.
21. Вашата самодоверба може да предизвика страв кај луѓето.
22. Алергични сте на човековата глупавост и не се колебате тоа да им го посочите на другите.
23. Вие сте некој, кој навистина ќе се бори за се што сака.
24. Не ви е грижа што ќе ве наречат „тешка личност“, бидејќи знаете дека тоа е само збор, кој општеството го користи за жените, кои не се плашат да го предизвикаат статус квото.
25. И секогаш сте убаво облечени, во сите прилики.