Инцко: Додик ја премина црвената линија

Од:

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко смета дека претседателот на Република Српска Милирад Додик кога станува збор за правосудството ја преминал „црвената линија“ и „излегол од државната заедница“.

Тој во интервју за виенскиот весник „Стандард“ појасни дека сецесијата ја претставува таа „црвена линија“, а дека Додик неа, кога станува збор за правосудството, веќе ја минал.

Тој потсети дека Додик не дошол на сослушувањето кај државниот обвинител, а дека во случај на одлука на судот на БиХ воениот имот во Хан Пијесак да го препише на Министерството за одбрана, претседателот на РС изјавил дека тоа нема да ги дозволи, бидејќи станува збор за света српска земја.

– Сето тоа кога станува збор за правосудството, претставува излегување од државната заедница, нагласи Инцко.

Според него „црвената линија“ е пречекорена и кога неодамна Билјана Плавшиќ, Момчило Краишник и Радован Караџиќ биле одликувани од страна на Парламентот на РС.

– Тоа е како да им се дадат признанија на Хитлер и Пол Пот, вели тој.

Инцко потврди дека не е можно да ги искористи „Бонските овластувања“ против референдумот во РС, бидејќи немал поддршка на меѓународната заедница.

– Во примена на надлежностите немам стопроцентна поддршка. Меѓутоа по прашањето за референдумот, не сакав да го ослабнам Уставниот суд. Тој два пати донесе одлука дека референдумот е нелегален и исходот неважечки, рече тој.

Инцко изјави дека понекогаш се чувствува „напуштен од страна на меѓународната заедница“.

– Попрво би се откажал од своите примања за да можам да работам слободно, отколку добро да заработувам, а да имам врзани раце. Би сакал да можам да наметнам закон против говорот на омраза, негирање на геноцидот и холокаустот. Негирањето на геноцидот е како ставање сол на раните на луѓето во земјата, бидејќи сеќавањата на војната во земјата се се уште свежи, укажа тој.

Што се однесува на прославата на 9 јануари како државен празник на РС, Инцко е уверен дека ќе има голема прослава, која ќе трае 24 часа.

– Секако дека нема да одам таму, рече тој. Според него уште при самото формирање на РС „постоела идеја за дискриминација на другите, односно оние кои не се Срби“.

На прашањето што значи за БиХ изборот на Трамп за претседател на САД, тој изјави дека неговата теза е дека земјите за среќа се интегрираат во насока на ЕУ, но се „дезинтегрираат дома“.

– Кога е избран Трамп славеа Србите. Наводно многу Срби испраќаа подароци на семејството на Трамп. Меѓутоа не верувам дека Трамп лично ќе се интересира за малите земји. Американската политика останува иста. Има познати републикански сенатори, кои десет или 20 пати биле во Босна и кој ќе внимаваат да остане зачуван територијалниот интегритет и суверенитетот на земјата, нагласи тој.

Истовремено Инцко вели дека друг фактор е Меланија Кнаус, која како тинејџер го доживеала нападот на ЈНА врз Словенија и „која ќе се сети на тоа кој ја нападнал Босна“.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Додик му се закани на „американскиот функционер“ дека ќе го избрка од Бања Лука

Предраг Петровиќ

Полицијата на Србија и РС потпишаа меморандум за соработка, Дачиќ: Тоа е помош за „браќата“

Предраг Петровиќ