Првата седница на новиот состав на романскиот Парламент денеска ја отвори најстариот пратеник, либералот Леон Данаила.
Од 1990 година тоа е осмиот Парламент на Романија.
Романија има 465 пратеници во дводомниот Парламент, а по изборите од 11 декември, 221 место има Социјалдемократската партија, која е во коалиција со Алијансата на либералите и демократите, кои имаат 29 пратеници.