Жерновски: Го слушам Влатко Ѓорчев и не ми се верува што зборува

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски излезе со свој став за прес конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Ѓорчев рече деканародот ќе се побунел ако се прегласувало и ако некој се обидел да им ја одземе победата. Жерновски го потсети на трите круга гласање за градоначалник на Центар.

Еве што напиша :

Го слушам Влатко Ѓорчев и не ми се верува што зборува…

Пазете, он кажува дека народот ќе се побунел ако се прегласувало и ако некој се обидел да им ја одземе победата.

Верувајте, нема зборови со кои може да се долови политичката перверзија која ни ја приредува ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето кои цели три круга ги малтретираа граѓаните на Центар. Луѓето кои ги погазија сите закони и ги прекршија сите членови од кривичниот законик, само за да победат во Центар. Оние кои нарачуваа шамари. Да, истите луѓе кои од Управниот Суд направија своја општинска организација, само за да поништат регуларни избори. Истите оние луѓе кои носеа гласачи од друга држава! Од друга држава, од Пустац, Албанија, за да гласаат во Центар!

Е, токму тие луѓе велат декa “граѓаните ќе биле гневни ако се прегласувало”. Епа центарци беа гневни и тогаш и сега. Ама прегласуваа, не еднаш, туку три пати, и секој пат, со секој нова рунда, се’ повеќе губеше ВМРО ДПМНЕ.

Центарци, поради тој гнев, сега масовно гласаа против режимот на Груевски и верувам дека уште многу години ќе биде така. Па затоа, сакам да му препорачам нешто на гласоговорникот.

Влатко, ако луѓето се гневни, тие ќе излезат повторно на гласање и уште посилно ќе ве поддржат, исто како што направија во Центар. Ако се гневни дека некој сака да има ја одземе победата, ќе излезат уште помасовно и ќе го одбранат својот глас. Зошто Влатко тогаш не оставиш тоа да се случи, а?

Го знаеме и двајцата одговорот, нели?

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел