Битката за Алепо заврши, изјави директорот на Сириската опсерваторија за човекови права Рами Абдулхарам.
Тој посочи дека бунтовниците се повлекуваат од шест квартови на источниот дел од градот, што беше нивен последен бастион.
Претходно, организацијата со седиште во Лондон соопшти дека од почетокот на офанзивата на 15 ноември, во источниот дел на Алепо загинале 413 цивили, а 1.139 се убиени во западниот дел градот.