Утре сончево, со температура до 15 степени

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до нула, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје слично време, претежно сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе достигне до девет степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. До недела дневната температура ќе биде во постапен пораст.

Во понеделник попладне, а особено во вторник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Топло со температури до 25 степени, утре заладување

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени