Коалицијата за Промени и Правда: Граѓаните од Влае, Тафталиџе, Козле и Хром, ќе гласат за промени

Од:
Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и носител на листата за пратеници во првата изборна единица  на Коалицијата за Промени и Правда, разговараше со граѓаните од Козле, Тафталиџе, Хром и Влае, во Скопје, каде граѓаните искажаа огромна поддршка и цврста определеност, на 11-ти декември, да направат пресврт и овој криминален режим да се соочи со лицето на правдата. Граѓаните барат стабилност, единство и повисок стандард.
koalicija-pp-vlae-4
„Граѓаните го издржаа овој силен невиден притисок од разулавената банда на  власт, протестиравме заедно по улиците, трпевме, понекогаш  имаше привид дека не поразиле, но јас сум сигурен дека сите заедно им спремаме дебакл, ќе видат вечерта на 11-ти декември каква одлука донел народат “марш да ве нема од власта“, посочи Павле Трајанов, повикувајќи ги тие што се уште се колебаат, да ни се приклучат  и со масовно гласање да ја завршиме работата, да го „треснеме“ од земја овој криминален режим.
koalicija-pp-vlae-5
„Во Република Македонија овој режим социјално не раслои, само фамилијата на власт и криминалните бизнис структури или околу 2% се екстремно богати со капитал стекнат на криминален начин, а сите други се гушиме во сиромаштија и долгови“, рече Павле Трајанов, на прес конференцијата.
„Криминалот разорно делува, ги разнебити институциите, ги загрози перспективите на Државата, затоа ние сме за системски промени и пред се за одговорно владеење.
koalicija-pp-vlae-2
Ќе расчистиме со политичката мафија, ќе го конфискуваме криминално стекнатиот имот и над 6 милијарди евра на сметките во странските банки на актуелни и поранешни функционери, бизнисмени, олигарси и тајкуни, ќе ги вратиме на граѓаните.
Со економската програма создаваме услови за отворање на над 30.000 мали фирми во компјутерската дејност, консалтинг услуги, туризмот, земјоделието, прехранбената индустрија, трговијата, транспортот и сл.
Во овие фирми ќе се вработат од 90.000  до 150.000 млади, креативни и стручни кадри, но и можност одлични менаџери да се вратат од странство.
koalicija-pp-vlae-3
Влез во НАТО и ЕУ, без промена на Уставното име, и воспоставување на стандарди и вредности преку владеење на правото.
Ќе ја вратиме позорната служба  (полицијата), во населбите и на тој начин ќе ја зголемиме безбедноста на граѓаните и заштитата на нивниот имот“.

 

Би можело да ве интересира

Трајанов: Ќе се случат промени во Република Македонија

Ана Ололовска

Трајанов: Дојде крајот на режимот, не ви се плашиме!

Предраг Петровиќ

Коалиција за Промени и Правда: Само со масовно гласање режимот ќе падне

Ана Ололовска

Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Образованите ни ги земаа како „алва“ за да печалат за газдите по Германија, Швајцарија, Шведска…

Ана Ололовска

Делов: Гласот за Коалицијата за промени и правда е глас за доброто на Македонија

Ана Ололовска

Митинг на Коалицијата за промени и правда во Неготино

Ана Ололовска