Монографија за македонското културно наследство од Димитар Ќорнаков

Од:

Издавачката куќа „Матица македонска“ во едицијата „Културно наследство“ ја објави монографијата „По трагите на нашите предци – нови сознанија за македонското културно наследство“ од проф. д-р Димитар Ќорнаков.

– На страниците од своето најново богато илустрирано дело, познатиот научник пишува за најначајните македонски светилишта, како и за развојниот пат на резбарството во Македонија и посебно ги анализира резбите во манастирот „Свети Јован Бигорски“, царските двери од црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Гевгелија, копаничарите од Река и др., соопшти издавачот.

Димитар Ќорнаков и припаѓа на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност и на богатото културно наследство на Македонија.

Автор е на монографските трудови „Творештвото на мијачките резбари“, „Македонска резба“ , „Македонски манастири“ , „Резбарски центри во Македонија“, „Цркви и манастири во Тиквешијата“, „Слимнички манстир“, „Од првиот грев до Страшниот суд“, „Копаничарот Макарија од Галичник“, „Полошки манастир Св.Ѓорѓи“, „Копаничарот Димитрија Станишев од Крушево“ и „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат